Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНајбрзиот човек на планетата дома го чека вистинска убавица! (ФОТО)

Најбрзиот човек на планетата дома го чека вистинска убавица! (ФОТО)

Човекот кој влезе во аналите на атлетиката, Јусеин Болт, не е еден од оние кои се фали со својот приватен живот. Многу малку знаат дека кога најбрзиот човек на планетата ги напушта атлетските стадиони и се враќа дома во Јамајка, го чека вистинска убавица. Се работи за девојката по име Кеси Бенет, со која за прв пат во јавноста Болт беше виден во април, а пред неколку дена откри дека тие се пар.

Kesi-1

И покрај големиот труд на новинарите да дознаат што е можно повеќе за приватниот живот на Болт, спринтерот од Јамајка секогаш одбива да зборува за своите лични работи.

Kesi-2

Сепак, тој уште во јануари откри дека е во врска со девојка од Јамајка веќе една година, но тогаш одби да го каже нејзиното име.

Kesi-3

Покрај тоа што е убава, атрактивна и има стил, Кеси секогаш преку социјалните мрежи му испраќа поддршка на Јусеин Болт.

Bolt