Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНајголемото грчко пристаниште отиде во рацете на Кинези

Најголемото грчко пристаниште отиде во рацете на Кинези

Претседателот на Одборот на директори на кинеската компанија „COSCO“, Кју Лиронг и грчкиот премиер Алексис Ципрас, заедно со директорот на Агенцијата за приватизација Стергиос Пициорлас, во Атина потпишаа договор за продажба на најголемото грчко пристаниште, Пиреа за 368.5 милиони евра.

„COSCO“ првично ќе добие 51 проценти од сопственоста на пристаништето за 280 милиони евра. Останатите 16 проценти компанијата ќе ги добие по 5 години за сума од 80 милиони евра и инвестиции од 350 милиони евра. По потпишувањето на договорот дојде до судири меѓу силите на редот и противниците на приватизацијата на пристаништето, пренесува „Катимерини“.