Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Милан конечно продаден!

Официјално: Милан конечно продаден!

Конечно по сите проблеми и разни препреки, седумкратниот европски шампион Милан официјално доби нови сопственици од Кина! По завршување на договорот со сегашниот претседател и сопственик Силвио Берлускони, водечкиот човек на кинескиот конзорциум Јонгхонг Ли ќе го презеде познатиот италијански клуб.

Берлускони по 31 години ги напушта росонерите и позицијата шеф ја препушта на конгломератот наречен Сино-Европа спорт, по неколкумесечно одложување на продажба на клубот, денес потврди компанија Фининвест, досегашниот сопственик на Милан.

“’Денес се заврши продажбата на Милан во износ од 99,93 отсто од клубот”, се вели во соопштението на Дон Силвија компанијата.

Засега нема официјалните податоци, но се шпекулира дека кинезите за сопственост на клубот требало да одвојат 740 милиони евра, во што е вклучен и долгот на Милан од околу 220 милиони евра.