Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГрција си го продаде највредното пристаниште во Солун

Грција си го продаде највредното пристаниште во Солун

Грција плати скапа цена за неодоговорната фискална политика со строги мерки на штедење, но тоа што навистина боли е продажбатана највредните државни ресурси.  Сега 67% од акцискиот капитал на грчкото пристаниште во Солун е продадено на тендер на германско-грчка-француско-кинески конзорциум.

– Таа продажба беше дел од договор на Грција со нејзините кредитори – Европска унија и Меѓународниот монетарен фонд, соопшти грчката Агенција за приватизација.

Конзорциумот понудил 1,1 милијарда евра и е избран пред две други конкурентски компании. Во конзорциумот се германската „Дојче инвест еквити партнерс“, грчката „Белтера инвестмент“ и „Терминал линк“ во кој се француската ЦМС-ЦГМ и кинеската државна компанија „Чајна мерчантс холдинг интернешнал“.