Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНадал: Никој никогаш не играл вака

Надал: Никој никогаш не играл вака

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал истакна дека Новак Ѓоковиќ игра совршен тенис, каков што порано ниту еден тенисер не играл. Ѓоковиќ во саботата, во финалето на турнирот во Доха, практично го декласираше Надал победувајќи го со убедливи 6:1, 6:2, и така продолжи таму каде што застана минатата сезона. ,,Играв против играч кој направи се совршено. Никој никогаш не е играл вака. Од кога го следам овој спорт, никогаш немам видено некој да игра на вакво ниво. И кога велам совршено не мислам само на една работа, туку на се. Да не е така, не би било совршено”, изјави Рафаел Надал.