Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСНовак запеа после првата победа во Њујорк (ВИДЕО)

Новак запеа после првата победа во Њујорк (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го искористи интервјуто после првиот натпревар на УС Опен за да им се заблагодари на организаторите, но и за малку да ја позабавува публиката. За време на церемонијата на отворањето на турнирот настапуваше Фил Колинс, а Ѓоковиќ го отпеа еден од најголемите хитови на групата „Џенесис“, во која познатиот музичар се прослави во текот на седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век.

На теренот одекнуваше рефренот „I can’t dance, I can’t talk, only thing about me is the way I walk“, а славниот тенисер се обидуваше и да го имитира движењето на Колинс од спотот за оваа песна.