Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНа работа со точак – мора да го одбележите денот

На работа со точак – мора да го одбележите денот

„Winter Bike to Work Day“ оваа година ќе се одржи на 12 февруари во петок. Овој годишен настан е направен со цел да покаже дека и во зима може да се превезуваме со велосипед и дека ваков настан треба да се практикува да има секоја година. Историјата за ова е во Кнада пред 4 години, а во последните две се одбележува во стотици градови во светот и Скопје го одбележува денот по втор пат, минатата година и сега.

Што треба да се направи на 12-ти февруари?
Треба само сите да бидеме обврзани дека ќе се превезуваме на велосипед во петок каде и да одиме, независно дали возиме или не возиме точак во зима, без оглед какви ќе бидат временските услови тој ден. Создавачите на настанот кои не се поединци туку голема толпа луѓе, на својата фејсбук страна ги поканија сите граѓани со зборовите: „Замислете свеж зимски ден со многу луѓе на точак низ градот и тоа се случува синхронизирано во светот! Ајде да пробаме“.
Се што треба да направите е прво да се регистрирате на овој сајт: http://winterbiketoworkday.org/commit2016/ на еден начин секој граѓанин да даде збор дека ќе вози велосипед на овој ден. Друго значајно е што повеќето од скопските кафулиња го поддржуваат овој светски настан и засега се пријавиле околу 10 кафичи со  најразлични промоции во нивните локали за оние кои ќе ги посетат со велосипед-точак во петок на дванаесети:
1. Нано бар: 50 ден за топли напитоци до 19 часот
2. Кино Карпош: до 16 часот попуст на топли пијалоци, првите 5 гратис чај+рум
3. Барбакан: до 16 часот попуст на топли пијалоци, првите 5 гратис чај+рум
4. Круг: до 19 часот со секое кафе гратис ice tea
5. Цреша: до 19 часот со секое кафе гратис ice tea
6. Кафе Ли: бесплатно кафе и чај цел ден
7. Љубов: 50% попуст на топли пијалоци помеѓу 9 и 18 часот
8. Баду бар: 50% попуст на топли пијалоци
9. MKЦ: бесплатно кафе и чај цел ден
10. Ла Стрега: понуда: кафе+цеден сок за 100 ден

Ова е мапата на досегашните кафулиња кои направија акција во своите локали: https://goo.gl/lolju6, но понудите важат само за оние посетители со точак.
Организаторите исто така напишаа и дека листата на поддржувачи во Скопје е отворена и се надеваат дека ќе ја дополнат истата со локали и различни компании кои ќе понудат различни поволности за граѓаните кои ќе пристигнат на точак во петокот.

Инаку, настанот е од отворен тип, нема единствени организатори, им припаѓа на сите.
Различни организации, компании, училишта, јавни институции може да направат свои настани, може да се доделуваат награди за вработените/учениците, може дури и различни училишта или компании да се натпреваруваат меѓу себе: во број на вработени/ученици кои ќе пристигнат на точак, во извозени километри, а повеќе идеи и информации може да добиете на овој линк: https://www.facebook.com/WinterBikeToWorkDay/. Мотото на овогодинешниот настан е: „Скопје, ајде на точак во петок!“, а органзаторите се надеваат дека овој Зимски интернационален ден ќе се прослави „на работа на точак“ барем исто толку добро како што бил минатата година.