Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРасте бројот на секс робови – Светски ден за борба со трговија со луѓе

Расте бројот на секс робови – Светски ден за борба со трговија со луѓе

Интернационалната организација за миграции (ИОМ) денеска го одбележува 30 Јули, Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, чија цел е да се сврти вниманието кон страдањата на огромниот број на жртви на трговија на луѓе кои се соочуваат со сексуална експлоатација, принудна работа, ропство, трговија со органи.

– Во последните две децении, повеќе од 70.000 луѓе добиле поддршка од нашите тимови ширум светот. Активностите кои се спроведени во соработка со владините институции, невладиниот сектор и меѓународните организации се заосновани на три принципи: почитување на човековите права, физичка, ментална и социјална благосостојба на човекот и неговата заедница, и одржливост преку зајакнување на институционални капацитети на владини институции и граѓанското општество. Поддршката е наменета за спречување на трговијата со луѓе и заштита на жртвите од трговија, а истовремено им нуди опции за безбедна и одржлива реинтеграција и /или враќање во своите земји, онаму каде тоа е возможно, велат од ИОМ.

Преживеаните жртви поддржани од страна на ИОМ се претежно жени, кои не само што се соочуваат со сексуална злоупотреба, туку, исто така, биле жртви на принуден брак, како и лица кои се соочуваат со сериозни економски потешкотии.