Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР: Идентификувани лицата кои ги пуштиле напаѓачите во Собрание

МВР: Идентификувани лицата кои ги пуштиле напаѓачите во Собрание

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се идентификувани лицата кои што учествувале во отстранување на блокадата на вратите од Собранието и со тоа им помогнале на напаѓачите да влезат и да направат неред вечерта на 27 април.

СВР Скопје, по поднесената кривична пријава против вкупно 15 лица осомничени за сторени кривични дела – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, информира дека продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на настаните предизвикани од упадот на граѓаните.

Оттаму информираат дека од Основното јавно обвинителство дополнително се доставени три посебни известувања околу сознанијата на истрагата за неколку лица.

Инаку, претходно ОЈО Скопје побара распишување на Централни расписи за приведување на сите 15 лица за кои постојат основи за сомнение за погоре посочените кривични дела , така што завчера од слобода беа лишени осум лица кои што беа изведени пред Судија на претходна постапка. За петмина од нив судот изрече мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка – претпазливост.