Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР бара мерки за организаторите на нападот во Собрание од ОЈО

МВР бара мерки за организаторите на нападот во Собрание од ОЈО

МВР испратило писмо до ОЈО со кое го повикува што побргу да ги повикаат на сослушување и да им одредат мерки за обезбедување на организаторите на протестите. Алсат-М од свои извори дознава дека станува збор за четири лица, со иницијали Б.Д, Б.И, Д.Х. и И.Д.

Од материјалите со кои располага полицијата се потврдило дека тие лица диригираат со протестите во текот на насилството во Собранието. Овие материјали се испратени со ургентно писмо во ОЈО.

Телевизијата објави дека полицијата продолжува да ги истражува собраните снимки од сите телевизии и од камерите во просториите на Собранието и работи на расчистување на драматичните настани во Собранието.

Полицијата исто така се ангажира интензивно за откривање на лицата со маски меѓу кои се претпоставува дека има и претставници на полицијата. МВР ги презема сите мерки за истрага и донесување  на истите пред лицето на правдата.