Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР апелира да се протестира мирно

МВР апелира да се протестира мирно

Од страна на Министертсвото за внатрешни работи стигна апел да се протестира мирно и  да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат.

– Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен. Да не се напаѓа полицијата затоа што таа е тука да ја чува безбедноста и стабилноста. МВР апелира до граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар на нивната безбедност, соопшти МВР.