Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМорски вошки нова закана за туристите

Морски вошки нова закана за туристите

Покрај прогнозите за зголемен број на напади на ајкули, биолозите сега предупредуваат и на епидемија на морски вошки кои може да бидат многу опасни за туристите во текот на претстојното лето. Тие се мали ларви од медузи и во вода се речиси невидливи, но штом ве убодат може да се појават тешки осипи и исфрлања. Морските вошки според новите извештаи се појавиле во голем број долж Мексиканскиот залив, а доколку се дојде во допир потребно е каснатото место да се обложи со алкохол за чистење и ладна вода.