Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСтивен Сегал ги исплаши Украинците затоа што му е другар на Путин

Стивен Сегал ги исплаши Украинците затоа што му е другар на Путин

Актерот Стивен Сегал кој во 90-тите години се прочу со голем број на акциони филмови денес е „главната“ закана за Украина. Власти во Киев му забранија на американскиот актер Стивен Сегал да влегува на нивна територија во следните пет години и притоа го прогласија за закана за националната безбедност, пренесе ДПА.

Steven-Seagal-1911-ar15

Сегал, кој во ноември минатата година доби  руско државјанство, на неколку пати јавно ја поддржа анексијата на Крим од страна на Русија, додаде ДПА.

Актерот има црн појас по аикидо и е познат како пријател на рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата споделуваат заедничка страст кон боречките вештини.

Сегал (65) е израснат во Калифорнија и тврди дека има руско и монголско потекло.