Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарМора да се погледне: „Симфонија на паѓањето“ во театар Чекори на Меѓународниот ден на театарот

Мора да се погледне: „Симфонија на паѓањето“ во театар Чекори на Меѓународниот ден на театарот

Веќе Ве известивме, но да Ве потсетиме. Утре претставата „Симфонија на паѓањето“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот во алтернативниот театар Чекори. Театарската претстава „Симфонија на паѓањето“ е по делата на Данил Хармс, а утре повторно ќе се изведе по повод Меѓународниот ден на театарот 27 Март. Режисер на претставата е Петко Костовски. Актерскиот дел од екипата го сочинуваат: Виктор Петрески, Зорица Стоименовска, Маја Ѓурчевска, Кирил Наумоски и Петко Костовски. Сала – џебно кино МКЦ. Билети, на касата на МКЦ, по цена од 150 денари. Претставата стартува во 20:00 часот.

Актерската екипа од овој млад театар, со креативните претстави неоспорливиот талент, досега изведе неколку фантастични претстави. Позитив.мк топло Ви препорачува утрешниот Ден на театарот да го одбележите токму во овој театар, бидејќи претставата нема да Ве остави рамнодушни.