Saturday, Jul 14, 2018
HomeРЕФЛЕКТОРТеатар„Симфонија на паѓањето“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот

„Симфонија на паѓањето“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот

teatar cekori

По повод 27-ми Март – Меѓународниот ден на театарот, Театар „Чекори“ и оваа година, во манирот на долгогодишната традиција, ќе изведе претстава од својот репертоар. Алтернативниот театар досега со неколку претстави ја воодушеви публиката, а сега повторно ќе ја изведе „Симфонија на паѓањето“ – по делата на Данил Хармс. Претставата ќе се одигра во Џебното кино МКЦ со почеток од 20:00 часот.

Режисер на претставата е Петко Костовски, а улогите ги толкуваат: Маја Ѓурчевска, Виктор Петрески, Зорица Стоименовска, Кирил Наумоски, Петко Костовски. Билетот чини 150 денари.