Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМНР: Коѕиас ќе дојде, но се уште не се знае кога

МНР: Коѕиас ќе дојде, но се уште не се знае кога

Сè уште не се знае точно кога министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, ќе ја посети Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи за „Мета“, по извештаите на грчките медиуми дека посетата ќе биде на 31 август.

Од МНР велат дека средбата е планирана за крајот на месецот, но дека двете страни сè уште го немаат прецизирано датумот.

Посетата на Коѕиас на Скопје беше најавена уште за време на посетата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на Атина, во јуни годинава, што беше и негова права посета по преземањето на министерската функција. На средбата во Атина не беше разговарано за спорот за името, но се шпекулира дека тоа ќе биде главна тема на посетата на Коѕиас на Скопје, особено имајќи предвид дека доаѓа по неговата средбата во Брисел со посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц.

Сепак, Нимиц за време на последната посета на Скопје во јули изјави дека не треба да се очекуваат значајни промени во решавањето на спорот во следните неколку месеци, затоа што сега допрва ќе се разгледуваат ставовите на двете страни и додаде дека не е време сега да се излезе со дефинитивен предлог.