Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМнистерството за здравство знаело дека гинекологот Дамчевски лажел пациентки

Мнистерството за здравство знаело дека гинекологот Дамчевски лажел пациентки

Мнистерството за Здравство пред неколку години било запознаено со случајот на лажење пациентки од страна на Никола Дамчевски.

Во разговор со директорката на приватната клиника Ремедика, Елица Јорданова, се открива дека пред неколку години, пациентка од Свети Лазар се пожалила во Ремедика кога открила дека Дамчевски ја лаже дека е бремена.

По прегледот кај него, пациентката отишла на ГАК каде и рекле дека не е бремена. И во Ремедика се потврдило дека не е бремена, напишале извештај и случајот од страна на пациентката бил пријавен во Министерството за здравство.

-За него има постапка во министерството – рече Јорданова.

Од Либертас упатени се прашања до Министерството за здравство од каде очекуваме одговор.

Јорданова не информираше и дека Дамчевски кратко работел во Ремедика, но како гинеколог. Бил истеран бидејќи бил „сомнителен за инсинуации“.

-Тврдел дека од ехо-снимка може да е сигурен во полот на детето, што не е никогаш сигурно. Така неколку пати убедуваше пациенти дека е сигурен во полот и се испостави погрешно – рече Јорданова.