Saturday, Apr 27, 2024
HomeСТУДЕНТУММладите од Y-PEER побараа квалитетно образование и работа

Младите од Y-PEER побараа квалитетно образование и работа

Младинската мрежа Y-PEER Mакедонија поддржана од регионалната канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) одржа работилница за целите за одржлив развој. Целта на завршните настани беше да се претстават активностите кои беа дел од кампањата „Идеите ги споделувам гласно“ која се спроведуваше во рамки на регионалната кампања „Младински глас – Иднината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија“.

Во рамки на националната кампања беа спроведени различни активности меѓу кои: едукативни претстави со театар на сенки, средби со младински активисти, претставници од институции и подмладоци на политичките партии, одбелжување на Светскиот ден на млади, избор на најдобро дизајнирана младинска разгледница и ред други настани осмислени и реализирани од младите, поврзани со младинското учество и развојната агенда на Обединетите Нации. Краен продукт на кампањата е документот „Младински препораки за пост-2015“ кој доби поддршка од 47 младински организации и ентитети кои работата за/со млади. Младинските препораки беа предадени на претставник од Министерството за надворешни работи на Р.Македонија и понатаму врачени на македонската делегација пред нејзиното заминување на Генералното Собрание на ООН.

Прес конференција_Млади и одржливи цели

На денешниот настан Ирина Јаневска од Y-PEER  Македонија изјави: „Преку хаштагот #ијасимамцел ги повикуваме сите млади да се вклучат во националната дискусија и на социјалните мрежи, и да се придружат во застапувањето на младинските итнтереси, права и потреби. Следниот предизвик за  процесот по 2015-та година е да се оди подалеку од создавањето на простор за учество за младите- да се осигура дека заложбите на младите ќе се рефлектираат во крајните  резултати. Разговорот со и помеѓу младите за пост-2015 не може, и нема да запре тука. Ова мора да биде само крај на почетокот. “

Следните чекори на мрежата се поврзани со понатамошното застапување на младите и нивното учество во, пред се, националните процеси. Од Y-PEER велат и дека ќе го следат дефинирањето на индикаторите преку кои ќе се оценува и набљудува имплементацијата на целите. На прес конференцијата тие изјавија:

„ Секоја земја мора да ги приспособи глобалните таргети на својот национален контекст, да постави свои цели кои се дефинирани од локалните приоритети и околности. Ова е потребно да се направи за да се осигура делување позади ветувањата, да се осигура дека таргетите кон кои се обврзуваме се релеватни на локално ниво и дека истите се надоврзуваат на реалните потреби. Во таа насока, ние сме тука да ги застапуваме изработените младински препораки од кои произлегоа две приоритетни области за младите од Македонија: подобри можности за вработување и квалитетно образование.“