Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМладата Стефани не била силувана, мотивите се уште неразјаснети

Младата Стефани не била силувана, мотивите се уште неразјаснети

Истражните органи излегоа со први информации за случајот на младата девојка Стефани Брзанова која вчера беше пронајдена мртва, најверојатно фрлајќи се од 9-от кат на зградата во која живее.

Според првичните наоди девојката не била силувана, а претходно се ширеа обвинување од граѓани и на социјалните мрежи дека такситот кој вечерта ја возел до дома ја силувал. Се уште не се расветлени мотивите за потенцијалното самоубиство и дали е вмешано трето лице во несреќата.