Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМини-тизер кој ја открива атмосферата од новиот спот на Лејди Гага

Мини-тизер кој ја открива атмосферата од новиот спот на Лејди Гага

Нетрпението изгледа го почувствува и самата пејачка Лејди Гага бидејќи ни таа веќе не може мирно да го чека спотот за песната „Perfect Illusion“. И покрај тоа што спотот за оваа песна ќе биде прикажан за само неколку дена односно на 20 септември, сепак, Лејди Гага преку овој мини-тизер прикажа дел од атмосферата.

Ако судиме според претходните спотови на американската пејачка, лесно би можело да се случи да не очекува десетминутен, па дури и подолг мини-филм. Земајќи го тоа во предвид, деветте секунди кои ги сподели со светот по пат на социјалните мрежи можеби сочинуваат само „трошка од колачот“ наречен „Perfect Illusion“.