Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛејди Гага ќе настапи на „Супербоул“?

Лејди Гага ќе настапи на „Супербоул“?

Американската пејачка Лејди Гага би требало да настапи на полувремето на 51 „Супербоул“ кој се одржува наредната година во Хјустон, Тексас на стадионот НРГ 17 февруари. Нејзиниот настап на популарниот спортски настап ќе се одржи после една година откако ја отпеа химната на САД на 50 „Супербоул“ во Санта Клара, во Калифорнија, каде хедлајнери беа групите „Coldplay“, Бијонсе и Бруно Марс.

Челниците на Националната фудбалска лига (НФЛ) се уште ја нема потврдено веста која ја пренесуваат американските медиуми, но се појавија одредени шпекулации дека токму Лејди Гага ќе има свој настап. Шоу-програмата во текот на полувремето секогаш привлекува повеќе од 100 милиони гледачи во САД, правејќи го тој настап најгледана музичка програма.