Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика(Видео) Лејди Гага објави видео за песната “The Cure”

(Видео) Лејди Гага објави видео за песната “The Cure”

Американската пејачка Лејди Гага го претстави својот нов спот за песната “The Cure”, со која дебитираше во април на “Coachella“ фестивалот, шест месеци по албумот “Joanne”.

Во овој музички спот Лејди Гага седи во сатенска соба, камерата лебди околу што прави да се чувствувате како се да се случува во сон. Стиховите, исто така се вртат во круг околу рамката во која е Лејди Гага, фанови на социјалните мрежи забележале дека текстот е доста тежок за читање а да не добиете вртоглавица.

Лејди Гага неодамна призна дека таа страда од ментална болест и со години користи лекови за спиење како би можела полесно да заспие. Затоа изучувала методи за спиење, наводно кога ќе пробате да го прочитате текстот отпечатен на екранот ќе добиете чувство на хипнотизираност и полесно ќе заспиете.