Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНема повеќе Лејди Гага!

Нема повеќе Лејди Гага!

Стефани Германиота, пејачката од Њујорк која стана позната по прекарот Лејди Гага, одлучи да ја продолжи кариерата со користење на нејзиното вистинско име.

Сега за филмот “A Star Is Born” во кој ја игра главната улога, поп ѕвездата сака да се дистанцира од своето уметничко име. И за тоа има многу едноставна причина.

“Има нешто сосема соодветно што Гага е потпишана како Стефани, затоа што се работи за улогата на некоја непозната девојка која ќе ја откријат и ќе се претвори во ѕвезда”, вели извор близок до пејачката.

Сите знаеме дека таа работи многу напорно на нејзината нова улога во филмот “A Star Is Born”, во режија на Бредли Купер. Дали нејзините напори ќе се исплатат? Ќе дознаете во 2018 година, кога филмот ќе ја има својата примиера.