Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМилошоски: Заев да се откаже од платформата или да одиме на нови избори

Милошоски: Заев да се откаже од платформата или да одиме на нови избори

Антонио Милошоски гп пренесе ставот дека ВМРО-ДПМНЕ останува на своите две решенија за излез од кризата кои и досега ги застапуваше.

Првото е претседателот на СДСМ Зоран Заев да формира влада, но да се откаже од платформата на албанските партии.

Второто решение според ВМРО-ДПМНЕ е организирање на локални и парламентарни избори на ист датум.

„Бидејќи ќе имаме локални избори за два месеци или за пет месеци, цела држава ќе биде во предизборна атмосфера, и тешко би било да се работи на проекти. Затоа би било подобро на еден трошок да се одржат изборите, за да може секој граѓанин да биде сигурен во својот избор“ – рече Милошоски.

Тој додаде дека со комесарот Јоханес Хан имале конструктивен разговор, но повеќе детали не се откриваат.