Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМијалков: Иванов да ја повлече аболицијата, работев чесно за Македонија

Мијалков: Иванов да ја повлече аболицијата, работев чесно за Македонија

mijalkov

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, се огласи по донесената одлука на претседателот Ѓорѓе Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници, поврзани со прислушувањето и политичката криза.

Мијалок изјави дека е убеден во добрата намера на претседателот Иванов, но го повика безусловно да ги повлече одлуките за прекин на постапките кои се однесуваат на него.

Мијалков вели: „ Знам дека сум работел чесно и совесно во интерес на безбедноста на граѓаните и на мојата земја. Постапките кои СЈО ги покрена или има намера да ги покрене против мене, немаат никаква правна основа и единствено се базираат на политички нарачан прогон, спротивен на уставот и законите“.

На тоа додава дека не сторил ништо незаконско и затоа смета дека со одлуката на претседателот граѓаните нема да имаат можност до крај да се уверат во сценариото кое беше подготвувано со единствена цел, да бидат политички оцрнети влијателни личности од ВМРО-ДПМНЕ.