Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМигрантите и пресудија на Меркел, расте екстремната десница

Мигрантите и пресудија на Меркел, расте екстремната десница

Сите кои ја почуствуваа бегалската криза и нејзините последици гласаа против партијата ЦДУ на Ангела Меркел и го искажаа своето незадоволство од актуелната власт. За да биде поразот поголем Меркел загуби и во родниот регион во покраината Мекленбург-Померанија со пад на третото место според освоени гласови или само 19%.

За некои е изненадување, за други сосема очекуван расплет на настаните, а тоа е напредокот на екстремната деничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) која освои 22% од гласовите. Победник е сепак, поумерената левичарска партија на социјалдемократите со 30%, а заедно се во коалиција со Мерлел на државно ниво.

Локалните избори речиси секогаш го одредуваат политичкиот тон во земјата и испраќаат клучни пораки до партиите, па затоа можеби Меркел жали за политиката на отворени врати кон мигрантите. Само во изминатата година на 1.1 милиони мигранти стапнале на германско тло.