Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Времето денеска потопло, но и пооблачно

МЕТЕО: Времето денеска потопло, но и пооблачно

Времето денеска ќе биде претежно облачено. Подолги сончеви периоди се очекуваат повеќе во источната половина од земјата, но и тие ќе бидат повремени. Минималната температура на повисоките места ќе има вредности околу -5°С, а низ котлините околу -1°С.

Дотокот на топол воздух како последица на јужното струење ќе значи и доста висока максимална температура. Истата ќе достигне вредности од 12°С до 14°С низ поголемите населени места во западната и северната половина од земјата, додека на југоисток максималната ќе има вредноати околу 15°С.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени сончеви периоди.Наутро се очекува минимална температура околу -2°С, а максимална околу 12°С.
Позитив.мк Ви посакува убав ден 🙂

Извор: МетеоПро.мк