Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Уште малку топло, па невреме

Метео: Уште малку топло, па невреме

Времето во Македонија денес ќе започне сончево со умерена облачност и високи температури, а веќе во пладневните и попладневните часови на повеќе места ќе започне најавената нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. УВ-индексот ќе изнесува 8. Максималната температура ќе достигне 36 степени.

Во Скопје претпладне исто така ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степени.

Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Во следните денови времето ќе биде стабилно и потопло.