Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМерцедес влета во бензинска на излезот од Струмица

Мерцедес влета во бензинска на излезот од Струмица

Автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, вчера се заби во апарат за точење гориво на бензинска пумпа на излезот од Струмица, пренесува Вест. Несреќата се случила околу 4 часот наутро кога, од засега непознати причини, возилото излетало од патот Струмица – Ново Село и се забило во еден од апаратите од станицата.

Од силината на ударот почнале да горат автомобилот и скршениот апарат, но по брзата интервенција на вработените на бензинската и на Струмичката противпожарна единица, избегната е поголема хаварија. Во инцидентот нема повредени туку само е направена материјална штета. Полицијата извршила увид на местото и ги утврдува причините за несреќата.

Фото:Вест