Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: Како денес изгледа Мерцедесот од 600.000 евра?

Фото: Како денес изгледа Мерцедесот од 600.000 евра?

Јавноста конечно види како изгледа фамозниот Мерцедес кој екс премиерот Никола Груевски лично го одбрал со спецификации според неговите потреби, а бил набавен од МВР под водство на Гордана Јанкуловска.

mercedes (1) (1)

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денека на прес конференција покажа како изгледа службениот „Мерцедес“, набавен за 600 илјади евра, а се споменуваше во т.н „бомби“ на СДСМ, во разговор меѓу тогашната министерка Гордана Јанкуловска и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

mercedes (3) (1)

Спасовски посочи дека автомобилот кој чини 580 илјади евра е купен во време кога луѓето немаат за јадење, а полицијата нема униформи и основни услови за работа.

Премиерот Зоран Заев, пред неколку дена на прес конференција објави дека возилото марка „мерцедес“ кое било набавено за 580 илјади евра е оштетено во надворешноста, но и внатрешноста.

Заев, најави дека ова возило ќе се користи за пречек на странски делегации кои ќе ја посетуваат земјава.

mercedes (4)

Специјалното јавно обвинителство има покренато истрага за набавката на мерцедесот за кој има сомнежи дека бил нарачан според желбите на тогашниот премиер Никола Груевски. На 24 јануари, СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка „Тенк“, во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ за набавка на „специјално возило“.