Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМеркел бара од германските компании да вработуваат бегалци

Меркел бара од германските компании да вработуваат бегалци

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика директорите на некои од најголемите компании во земјата да присуствуваат следниот месец на самитот, на кој од нив ќе се побара да вработат поголем број бегалци, пишува денеска весникот „Билд“.

Повеќе од еден милион мигранти пристигнаа во Германија минатата година, а владата во Берлин сака поголем број од нив да се најдат на пазарот на труд, со што ќе се намали нивната зависност од државна помош и ќе се компензира кусокот работна сила поради сè повозрасното германско население.

Според „Билд“, Меркел ќе настојува германските компании, спротивно на нивната волја, да ги убеди да понудат стажирање и работни места за бегалците.

Компаниите тврдат дека поголемиот дел од мигрантите во Германија не го знаат германскиот јазик и немаат потребно образование за извршување на работните задачи.

Меркел се надева дека од шефовите на германските трговски гиганти ќе дознае што можат овие фирми да направат за интегрирање на мигрантите во работна сила.

МИА