Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМендеш пристигна во Лондон, Мурињо се спакува

Мендеш пристигна во Лондон, Мурињо се спакува

Жорже Мендеш, менаџерот на Жосе Мурињо, пристигнал во Манчестер утрово каде попладне го очекува состанок со управата на Манчестер Јунајтед. „Супер агентот“ би требало да одржи состанок со извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед Ед Вудворд за да ги договори деталите околу договорот на својот клиент.

Најпопуларниот британски клуб во понеделникот и официјално му врачи отказ на холанѓанецот Луј Ван Гал и покрај тоа што го освои ФА купот, а главна причина за оваа одлука беше тоа што Јунајтед не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Медиумите последните неколку месеци шпекулираа околу доаѓањето на Португалецот на „Олд Трафорд“, додека последните неколку дека се пишува дека тоа е веќе „завршена работа“.