Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМанчестер без капитенот на премиерата во Лига Европа!

Манчестер без капитенот на премиерата во Лига Европа!

Пред „Црвените ѓаволи“ е првиот натпревар надвор од границите на Англија за оваа сезона, а на теренот нема да биде еден од најдобрите. Мурињо одлучил во Ротердам, за натпреварот од првото коло од Лига Европа да не го води капитенот Вејн Руни. На списокот од 20 патници го нема ни новото засилување Михтарјан како ни Џеси Лингард. Двајцата го започнаа манчестерското дерби, не беа на посакуваното ниво, па ова на некој начин можеби им е и казна.

Во првиот тим најверојатно ќе се најдат двете највредни засилувања од изминатиот трансфер период Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба, бидејќи се наоѓаат на листата на фудбалери кои Португалецот ќе ги носи во Холандија. Меѓу тие 20 ги нема и Лук Шо и Антонио Валенсија кои добија заслужен одмор.

На списокот се наоѓаат следните фудбалери: Де Геа, Ромеро, Џонстон, Дармијан, Бејли, Фосу-Менсах, Рохо, Смолинг, Керик, Фелаини, Ерера, Мата, Мемфис, Погба, Шнајдерлин, Јанг, Ибрахимовиќ, Марсијал и Рашфорд. Натпреварот се игра во четврток во 19 часот на стадионот на Фејнорд.