Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМанастирот во Зрзе го врати стариот сјај

Манастирот во Зрзе го врати стариот сјај

Манастирот Св.Преображение Христово во прилепското село Зрзе веќе целосно е реновиран и му е вратен автентичниот изглед и сјај со што ќе биде еден од најубавите во Македонија, омилен на многумина за пронаоѓање на душевен мир и верско водство.

Целосно е изграден и реконструиран локалниот пат кој води до самиот манастир со што се олеснува пристапноста и во потешки временски услови. Проектот е заокружен со 3.1 милиони евра од Министерството за култура и донации.