Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМалолетно момче ја застрела својата едногодишна сестра

Малолетно момче ја застрела својата едногодишна сестра

Во Кичево вчера околу 13 часот во Медицинскиот Центар итно е донесено едногодишно девојче кое било застрелано со пиштол и имало прострелна рана во натколеницата. Според податоците од полицијата, откриено е дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути на улицата Васил Главинов, во семејната куќа на Р.М. 17-годишно момче најверојатно од невнимание испукал куршумсо пиштол и ја погодил својата сестричка. Поради сериозноста на повредите бебето било пренесено во Ургентниот Центар во Скопје. Полицијата работи на расветлување на случајот.