Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМалолетник повредил девојка со клешти, па потоа избодел момче со нож

Малолетник повредил девојка со клешти, па потоа избодел момче со нож

Крвава драма се одвивала синоќа во Крива Паланка каде шестнаесет годишно момче се обидело да усмрти двјца сораѓани од кои осумнаесет годишна девојка и едно момче. Малолетникот ја нападнал со клешти девојката со која претходно се скарал. Девојката од ударите била повредена во главата. Малолетникот, по овој инцидент, со нож го нападнал и дваесет и петгодишниот А.А. кој бил двапати прободен во колкот. На повредените им била укажана лекарска помош и пуштени се на домашно лекување. Двата случаи биле пријавени во полициската станица во Крива Паланка. Околу полноќ, малолетникот бил приведен и по разговорот е пуштен на слобода. Од полицијата информираат дека против шеснаесетгодишникот ќе биде поднесена кривична пријава за убиство во обид. (