Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМалите партии го поддржуваат бојкотот на изборите

Малите партии го поддржуваат бојкотот на изборите

Нема услови за фер и демократски избори бидејќи не се исполнети  клучните барања од Пржинскиот договор-целосно прочистен избирачки список и реформи во медиумите -сметаат дел од политички партии.

Лилјана Поповкса претседателката на ДОМ смета дека со нерегуларен избирачки список избори на петти јуни не се можни бидејќи може да се злоупотребат фантомските гласачи.

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов со слично мислење како и Поповска смета дека со распуштањето на Собранието и избори на петти јуни само дополнително ќе се продлабочи политичката криза. Не ја исклучува можноста за протести и граѓанска непослушност доколку власта реши сама да ги спроведе изборите.

Од друга страна лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски вели дека  со избори на петти јуни ќе се разобличи политиката на опозициската СДСМ која  според него бега од избори.

Покрај ДОМ и Достоинство на избори нема да одат ниту Либерално демократската партија, Демократскиот сојуз, партијата Унитети и партијата за Националната Демократска Преродба -РДК.