Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМала марина и луксузен ресторан во Охрид

Мала марина и луксузен ресторан во Охрид

Со согласност од мнозинството на гратски советници одобрено е во Охрид да се започне со изградба на мала марина на Охридското езеро, чија локација ќе биде малото пристаниште во Охрид, кое по четири децении конечно ќе се реконструира.

Целиот проект ќе оди по пат на јавно приватно партнерство.

Покрај оваа марина, овој проект вклучува и мал луксузен ресторан како и градска плажа, што би значела тотална реконструкција на ова пристаниште.

Инаку според проценките, изградбата на оваа мала марина би требало да чини околу 1,3 милион евра.