Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонски возач приведен – ја предизвикал сообраќајната несреќа во која загинаа две деца

Македонски возач приведен – ја предизвикал сообраќајната несреќа во која загинаа две деца

Четириесет и осумгодишен македонски државјанин е приведен во Србија. Тој е осомничен дека ја предизвикал вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа две деца. Информацијата ја пренесува телевизијата Канал 5, а српските медиуми пишуваат дека се работи за Бајрам J. возач на автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Виена.

Тој на автопатот Ниш-Белград, кај местото Велика Плана, од се уште неразјаснети причини со автобусот се забил во автомобил марка тојота, која се движела пред него и која намерно ја намалила брзината за да избегне сообраќајка која се случила на автопатот меѓу две други возила. Во тојотата, во која се наоѓало 7-члено семејство од Германија, на самото место загинале бебе и 7-годишно дете. Нивните мајка и татко со другите три деца биле тешко повредени и пренесени во болницата во Смедерево.
soob srbijaМакедонскиот возач на автобусот, според српските медиуми, не застанал, туку продолжил да вози, по што удрил и во крајслер со бугарски регистерски таблички, кога тешко била повредена 30-годишна бремена жена. Во своевидниот карамбол на автопатот учествувале шест возила, во кој биле повредени најмалку 10 лица.

И македонскиот возач бил пренесен во болница, а по извршениот преглед му било одредено полициско задржување под сомнение дека извршил тешко дело против безбедноста во сообраќајот.