Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонија има помала невработеност од Грција, но младите кубурат

Македонија има помала невработеност од Грција, но младите кубурат

Ако директно се споредат Македонија има досега најниска стапка на невработеност од 24%, додека пак во Грција по економската криза невработеноста е зголемена на 26,2% што барем во овој параметар не прави подобри.

Сепак, податоците на Заводот за статистика откриваат неколку проблематични параметри, а најмногу незагрижува невработеноста на младите луѓе во Македонија која е рекордна. Најголема потешкотија да најдат работа имаат лицата од 25 до 49 години и фрапантни 145.976 од нив се без работа. Околу 40 илјади невработени се млади лица на возраст до 24 години.

Ако се земе предвид и дека најголем дел од лицата кои се вработени се со низок степен на образование и ниски примања се доаѓа до поконкретна слика за македонскиот стандард. Работа може да се најде, но таа не е добро платена и не одговара на високото образование, квалификации и стручност на младите лица кои завршуваат факултет или пак повисок степен.