Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонија и Косово заедно ќе се движат кон ЕУ

Македонија и Косово заедно ќе се движат кон ЕУ

Вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими и министерот за европски интеграции на Косово, Беким Чолаку денска во Косово потпишаа договор за соработка во областа на европските интеграции. Меморандумот ја потврдува европската перспектива во двете земји и ги зајакнува билатералните односи и промовира континуирана соработка од заеднички интерес.

За време на средбата, Бесими ја истакна важноста на регионалната соработка за размена на искуства во областа на европската интеграција, како размена на информации и знаење за усвојување на европското законодавство и негово спроведување по поглавја. Македонија и Косово досега имаат потпишано над 30 договори за соработка. Последниот договор кој е потпишан меѓу двете земји ги поедностави граничните процедури за преминување на границата со биометриска лична карта, со кој се потврдува меѓусебната соработка и приближување на граѓаните.

Меѓу другото се истакна и важноста на искористувањето на европските фондови од програмата за прекугранична соработка ЦБЦ каде за програмата 2007 – 2013 до сега се искористени, 1,290,910 евра за проекти кои се веќе во фаза на имплементација додека за програмата ЦБЦ 2014 – 2020 на располагање се 8,400,000 евра.

Макфакс