Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМакедонија добива сериозно засилување на плејмејкерската позиција

Македонија добива сериозно засилување на плејмејкерската позиција

Американецот Џордан Теодор доби македонски пасош, и се очекува да игра во квалификациите за Светското првенство. По завршувањето на феноменалната сезона во Турција за клубот Банвит Џордан добива Македонски пасош.

Се очекува Американецот, кој може да игра на позициите 1 и 2, да присуствува на репрезентативните обврски во август за претстојните квалификации за Светското првенство во Кошарка.

Зад Теодор е една навистина одлична сезона во која тој е прогласен за МВП и е член на најдобрата петорка во Лигата на шампионите, а исто така тој го освои и купот во Турција со екипата на Банвит каде што тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Тој во просек има 16,2 поени и 7,5 асистенции во Лигата на шампионите, а во турската лига имаше 18,3 поени и 7,2 асистенции.