Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија до следната пролет ќе биде во НАТО, пишува Јутарњи лист

Македонија до следната пролет ќе биде во НАТО, пишува Јутарњи лист

Планот е направен во Брисел, а Македонија за НАТО ќе го користи името ФИРОМ и до влезот во ЕУ ќе најде конечно решение во разговорите со Грција. Зоран Заев разговарал со грчкиот премиер Алексис Ципрас кој му честитал за изборот и потврдил дека за Атина и понатаму е неприфатливо името Македонија. Но, ФИРОМ или некое друго композитно име за Грција би било прифатливо, пишува хрватски „Јутарњи лист“.

Според весникот, итната операција на Македонија во НАТО треба да биде готова во пролетта 2018 година.

„Доаѓањето на власт на Зоран Заев на премиерската функција може да доведе до укинување на главните пречки за пристапувањето на земјата во евроатланските структури. Се разбира, станува збор за спорот за името“, пишува „Јутарњи лист“.