Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм,,MaкеДокс" тргна во филмски патувачки поход

,,MaкеДокс" тргна во филмски патувачки поход

Фестивалот на документарни филмови ,,МакеДокс“ тргна на Патувачкото кино, кое годинава од 10 до 22 август ќе се одвива во областа Дебарца. Караванот на „МакеДокс“ ќе посети десет села од оваа област и ќе овозможи вистинско креативно доживување со документарни филмови од својата програма.

.Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава ќе ги посети и ќе ја пренесе сензацијата на синеастичкото доживување во десет села на славна Дебарца, по следниот распоред: село Волино (10 август), с. Белчишта (11 август), с. Издеглавје (12 август), с. Мешеишта (14 август), с. Слатино (15 август), с. Ботун (16 август), с. Злести (18 август), с. Оровник (19 август), с. Лешани (21 август) и село Велмеј (22 август).

Патувачкото кино е старо колку и Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и веќе шеста година со своето патувачко магаренце ги посетува подзаборавените, а восхитувачки убави региони во Македонија. Целта на Патувачкото кино е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места, кадешто жителите немале можност за синеастичко доживување повеќе од 40 години.
„МакеДокс“ го реализира Патувачкото кино со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ, во соработка со Кинотеката на Македонија и сопствено вложување во проектот.