Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМајка и син убиени во ,,Козле"

Мајка и син убиени во ,,Козле"

Мајка и син биле пронајдени мртви  во куќа во скопската населба Козле. Потврдено е дека станува збор за убиство. Двете убиени лица кои биле  турски државјани, имале повреди во пределот на главата, најверојатно од огнено оружје.

Полицијата го потврдува двојното убиство, но повеќе детали се очекуваат во текот на денот, по завршување на полицискиот увид кој се уште трае.