Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМајка и бебе починаа во гевгелиската болница – таткото ги обвинува докторите

Мајка и бебе починаа во гевгелиската болница – таткото ги обвинува докторите

Мајка и нејзиното бебе починале ноќеска при породување во гевгелиската болница. Случајот го потврдил и директорот на болницата, а според зборовите на сопругот на починатата е направена лекарска грешка.

Според сопругот, виновник за трагедијата е персоналот бидејќи неговата сопруга немала никакви компликации во текот на бременоста – пренесе Телма.

Телото на мајката и бебето се предадени на обдукција при што ќе бидат утврдени причините за смртта на двете жртви.
Од министерството за здравство информираат дека во гевгелиската болница веќе е испратена стручна комисија составена од гениколози и анестезиолози кои треба да го испитаат случајот и да утврдат дали породувањето било извршено согласно протоколот.