Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМаглата ќе се задржи, внимателно возете

Маглата ќе се задржи, внимателно возете

Утрово се врати зимската магла низ повеќе котлини во Република Македонија со што се јавува загриженост за возачите со поотежнати услови за сообраќај, но според извештајот на АМСМ засега нема никакви застои. Магла со видливост од 50 до 100 метри има во: Тетово, Маџари, Куманово, Македонски Брод, Сарамзалино, Делчево, Неготино, Удово, Кула, Петровец. Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.