HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Денеска пак магла. Најави за викендот и затоплување!

МЕТЕО: Денеска пак магла. Најави за викендот и затоплување!

Промени во временската ситуација нема да има. Последниот ден од работната недела ќе ни го „забетонира“ магливото време низ котлините, но со излгеди маглата да се расчисти во текот на утрово, за разлика од вчера.

Утрово повторно имаме ниска облачност низ долините во крајниот западен дел од Македонија, но со најави истата да се прошири и во пониските делови од источните региони.

Сончево време ќе имаме во текот на целиот ден, но прашање е каде тоа ќе биде видливо, а и осетно. Минималната температура утрово, слично како и вчера се движи помеѓу -4°С до 0°С низ котлините, односно околу 3°С во поширокиот гевгелиски крај.
Повторно топло преку ден, од 9°С до 11°С низ котлините и на повисоките места. Поширокото гевгелиско – дојранско подрачје повторно очекува вредност на максималната температура, околу 15°С.

Во Скопје утрово не „дочека“ магливо време. Околу пладне се очекува разведрување, а потоа следува период на делумно разведрување. Во 7 часот измерени беа -2°С на Зајчев Рид односно -1°С во Петровец, а преку ден максимални 10°С.

Се поизвесно е дека во деновите од викендот ќе донесат сончево и релативно топло време. Но, и во сабота, а особено во недела, ќе има услови за формирање на локална утринска магла низ котлините и речните долини.

Би требало истата да се расчистува околу пладне.
На планините и повисоките места останува сончевото време во текот на целиот викенд. Ветерот на овие места ќе биде слаб, повремено само до умерен.

Сончево се очекува да биде и јужно од демир Капија, како и во Преспанскиот и Охридскиот крај.
Викендот нема дадонесе висока температура како што ќе биде случајот во текот на денот четврток. Температурата во однос на овој ден ќе биде во тренд на опаѓање, но и со тој тренд ќе биде релативно топло за јануарски услови.
Уредникот на Метео за 29.01 Ви посакува пријатен последен работен ден и убав почеток на викендот! 🙂
Читајте Позитив.мк


 

со прогнозата помогна МетеоПро

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com