Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛукаку и Витсел за супериорен триумф на Белгија против Ирска

Лукаку и Витсел за супериорен триумф на Белгија против Ирска

Репрезентативците на Белгија дојдоа до првите бодови на овогодинешното Европското првенство совладувајќи ја Ирска со 3-0 во рамките на второто коло од групата Е. По разочарувачкиот пораз од Италија, избраниците на Вилмотс конечно прикажаа одличен перформанс на теренот.

Ромеро Лукаку го отвори мечот дури во 48. минута, по прекрасната асисентција на Де Брујн. Потоа во 61. минута Аксел Витцел зголеми на 2-0, а само 9 минути подоцна Лукако повторно беше прецизен и го постави конечниот резултат. Со оваа победа, Белгијците се искачија на второто место на табелата, веднаш зад селекцијата на Италија која со вчерашната победа над Шведска обезбеди пласман во наредната фаза.. Во останатите натпревари од денешната агенда, Исланд ќе игра против Унгарија, а Португалците ќе се пресметаат со селекцијата на Австрија.