Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛокални избори во Албанија – Македонците во трка за едно градоначалничко место

Локални избори во Албанија – Македонците во трка за едно градоначалничко место

Над 3,3 милиони гласачи, колку што се запишани во единствениот избирачки список, денеска во Албанија треба да ја изберат новата локална власт во земјата. Изборите првпат се спроведуваат според новата административно-територијална поделба, која наместо некогашните 363 оштини сега има само 61. Освен 61 градоначалник, албанските граѓани треба да изберат и 1595 членови на опшптинските совети.
113096
Освен повеќето независни кандидати и неколку од помали политички партии, мнозинството од кандидатите се од двете широки изборни коалиции: „Алијаса за европска Албанија“ (АСЕ), предводена од владејачката социјалистичка партија на премиерот Еди Рама и изборната коалиција на десницата „Народна алијанса за работа и достоинство“(АППД), предводена од демократите на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, кој одлучи да не го трча кругот за втор мандат.

За татко на албанската метропола има повеќе кандидати, но главната битка се очекува да се води меѓу социјалистот Ерион Велиај (доскорешен министер за труд и социјала) и демократот и познат доктор Халим Косова. Единствената македонска партија, Македонска алијанса за едвропска интеграција МАЕИ, која е дел од широката лева коалиција на изборите настапува со еден кандидат за градоначалник и 16 кандидатски листи за советници( од вкупно 61 општина).

Актуелниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, ќе се обиде довербата да ја добие по третпат, а на кандидатски листи во трка за советничко место се 200 Македонци, што е најголема бројка до сега. Со своја листа за советници МАЕИ се јавува и во Тирана, чиј совет брои 62 советника. Македонците кои живеат во албанската метропола со дадениот глас имаат можност по првпат да имаат свој претставник во советот на Тирана.
temelko
Изборната кампања се оценува како до сега најмирна, не се регистрирани потешки инциденти, освен, како што изјави заменик директорот на албанската полиција Алтин Ќато, 21 случај на кинење на постери Според Ќато, од синоќа во 18 чсот па се до понеделник на полноќ за безбеден изборен процес ќе бидат ангажирани околу 6.700 полициски работници, кои минале низ обуката организирана од ОБСЕ.

Во 7 часот според изборниот закон 5.299 избрички места треба да бидат отворени и затворени во 19 часот. Изборите ќе ги набљудуваат набљудувачи на ОБСЕ, на ЕУ како и голем број домашни набљудувачи.